Оваа жена постојано неправедно ја обвинувале дека е пијана, но всушност нејзиниот проблем е поголем
26-годишната Алиса Келш од Солт Лејк Сити, Јута, почнала да изгледа како постојано да е пијана од 2018 година.
Нејзината мајка Брук Келш забележала дека има „овошен здив“, сјајни очи и нејасен говор. Таа одеднаш почнувала и да се смее како да е пијана, но всушност девојката воопшто не пие алкохол.
Загрижената мајка почнала да ја носи Алиса по лекари, но никој не можел да воспостави соодветна дијагноза. По неколку месеци испитувања било заклучено дека девојката има многу ретка болест. Оваа состојба го претвора шеќерот и јаглехидратите во алкохол.

Брук објасни дека првично, „никој не верувал“ дека нејзината ќерка има синдром на авто-пивара – затоа што е премногу ретка состојба. Сега, Алиса, која работи како тату-уметник е под терапија со анти-габични лекови за да ѝ помогнат во намалувањето на нивото на етанол во нејзиното тело.