Оваа жена заврши во затвор откако им подари на соседите 400 велигденски јајца во кои имало нешто неочекувано
Жителите на округот Валдерлер, Флорида биле прилично изненадени кога во своите поштенски сандачиња пронаоѓале пластични велигденски јајца неколку денови по ред.
Но, наместо да има чоколадо или слатки, во нив имало чудни предмети.
Вознемирените жители во пластичните јајца пронаоѓале крекер во форма на риба, парче тоалетна хартија, степче, скитлс или фотографија со порнографска содржина. Првин жителите почнале да објавуваат на социјалните медиуми, а потоа пријавиле и во полиција. Од полициската станица велат дека освен што е несоодветна содржината, туку ова е и начин на ширење на вирусот.
Полицијата ја уапсила 42-годишната Абрил Честони, откако добиле информации дека таа е личноста која ги остава јајцата во сандачињата на луѓето. Жената признала дека порнографските фотографии ги прави во компјутерска програма.
Честони, наводно, работела во блискиот супермаркет „Публикс“ и ги доставувала јајцата по завршувањето на нејзината смена. Абрил вели дека сакала да ѝ пренесе порака на црквата дека треба да им даваат пари на жителите, но не знаеме како се обидувала да ја пренесе таа порака со експлицитни фотографии.