Овие атрактивни девојки се преселиле на село за да одгледуваат канабис и целосно сами да се издржуваат

Три жени кои се преселиле во далечно пусто место за да одгледуваат канабис и да го живеат едноставниот живот со своите животни, го споделуваат нивното необично секојдневие.

Лекси (28), Ејми (31) и Дорис (39) се преселиле во село во Калифорнија за да започнат фарма и да станат самостојни, и ги споделуваат своите рустикални начини на работа преку нивниот профил на Инстаграм. Тие ловат со пушки, сечат дрва, ранат кокошки во бикини.

Основачот, Дорис, откри дека решила да да го крира профилот како варијација на Girls Gone Wild. Жените чуваат 65 овци, 60 кози, 40 кокошки, петнаесет патки, осум заморчиња, три алпаки, две мисирки, два коња, две кучиња, две мачки, една свиња.

Бидејќи веќе не им е дозволено да го продаваат канабисот комерцијално, тие ги заработуваат своите пари продавајќи ѓубриво, ореви и одгледуваат своја храна – дури и сами си ја направиле и канализацијата, бидејќи најблиската продавница е еден час.

До крајот на минатата година, девојките одгледувале индустриски количини канабис. „Тоа носеше многу пари“, ревносно вели Дорис. Но, за жал, округот повеќе не дозволува комерцијално култивирање. Тие велат дека следбениците ги привлекуваат со нивната атрактивност и сексуалност, но ги тераат да останат да ги пратат со фактот дека тие навистина напорно работат на фармата.

Тие исто така велат дека не планираат да се вратат во градовите. Кога би имале деца би ги воспитувале тука и би им овозможиле домашно образование.