Овие девојки биле најдобри пријателки 17 години и дури сега дознале дека се многу повеќе од тоа

Ешли Томас и Латоја Вимберли се запознале на забава во Филаделфија пред 17 години, додека сѐ уште биле тинејџерки. Девојките многу брзо се зближиле и за кратко станале најдобри пријателки.

Тие постојано се гледале и слушале и велеле дека се чувствуваат како да се сестри. Многу пријателства имаат ваков однос, но ретко во кое пријателство овој однос е всушност вистина и од биолошка гледна точка.

Сѐ почнало да се разоткрива откако 31-годишната Ешли споделила фотографии од свршувачката на 29-годишната Латоја, а на фотографиите бил и таткото на Латоја, Кенет. Една пријателка на покојната мајка на Ешли го препознала Кенет на фотографиите и им кажала на девојките дека мајката на Ешли порано често излегувала со него.

Не очекувајќи некаков пресврт Латоја му покажала фотографија од покојната мајка на Ешли на нејзиниот татко. Кенет веднаш ја препознал жената и ѝ кажал на Латоја дека биле во кратка врска. Но, тогаш тој почнал да се прашува дали е можно Ешли да е негова ќерка бидејќи таа не знае кој е нејзиниот биолошки татко.

По направениот ДНК тест се докажало дека Ешли е ќерка на Кенет, а со тоа таа и Латоја се сестри. Ешли вели дека била пресреќна кога сфатила дека се многу повеќе од најдобри пријателки со Латоја, но и дека се растажила што човекот кој постојано го гледала и го сметала за татко на нејзината пријателка е всушност нејзин татко.

Ешли на 15 години дознала дека сопругот на нејзината мајка кој ја одгледал не е нејзиниот биолошки татко, а мајка ѝ која починала пред 11 години не сакала да ѝ открие кој е нејзиниот вистински татко.