Овие девојки од различни континенти одлучија да се запознаат, затоа што ниту нивните мајки не би можеле да ги разликуваат
Замислите си одите по улица и одеднаш здогледувате личност која е сосема иста како вас, што ќе направите? Можеби првин ќе помислите дека имате таен близнак, но вистината е дека скоро секој од нас си има двојник, а малкумина имаат среќа да го пронајдат. За познатите личности секако е секогаш полесно.
18-годишната Бјанка Михаи и 25-годишната Лана Ал Беик, кои и покрај тоа што живеат на различни континенти биле запознаени со нивната екстремна сличност од страна на нивните најблиски.
Бјанка, пејачка од Бузау, Романија, која учествуваше во ТВ-шоу за таленти во 2018 година, дозна за нејзината двојничка, палестинско-сирискиот модел Лана преку нејзината пријателка, Александра Данчиу, која наиде на Лана на социјалните медиуми.

Бјанка е десно, Лана, лево
Откако ѝ го покажала видеото на Бјанка таа не можела да поверува и веднаш им го пратила на родителите, нејзините родители пак го покажале на бабата на Бјанка, која не можеле да ја убедат дека девојката во видеото не е нејзината внука.
Во меѓувреме, Лана, која живее во Дубаи во Обединетите Арапски Емирати исто така ја сретнала својата двојничка на интернет. Овој пат таа преку нејзината мајка.
„Еден ден мајка ми беше на Инстаграм кога ме праша за видео. Реков, мамо јас не пеам. Тоа не сум јас. А таа ми рече: ‘Сериозно, зарем не си ти?’“.
И покрај тоа што живеат далеку Бјанка отпатувала во Дубаи за да се сретне со својата двојничка. Тие се запознале на плажа и поминале некое време заедно. Девојките велат дека овој момент бил магичен, а планираат повторна средба, овој пат во Романија.