Овие два ресторани од различни страни на светот пронајдоа начини како социјалното дистанцирање да биде забавно
Рестораните и кафулињата полека го отворија своите врати за клиентите, но секако со посебни мерки. Затоа за да не биде премногу стресно постојаното дезинфицирање додека пиете кафе или јадете многу локали смислија креативни идеи како да ги опуштат своите гости. Еден ресторан во Мериленд, САД и ресторан во Сиднеј, Австралија смислија прилично различни и креативни начини за намалување на видливиот удар од пандемијата.
Fish Tales Bar & Grill во Мериленд се здружи со Revolution Event Design and Production за да создадат маси кои што имаат дупка во средината за клиентот да застане и се опкружени со огромни внатрешни цевки за да ги спречи останатите клиенти да му се доближат. Масите имаат и тркала така што клиентите можат лесно да се движат додека пијалокот им е на дофат.
Додека во Австралија, во ресторанот Five Dock Dining, сопственикот Френк Ангелета, од Сиднеј, поставил картонски гости на местата кои што би требало да останат празни поради социјалното дистанцирање.