Овие фотографии изгледаат сосема нормално се` додека не ја слушнете застрашувачката приказна позади нив

Навидум обичните фотографии може да бидат далеку повознемирувачки отколку што мислиме. И тоа покажува колку е важен контекстот и дека никогаш не треба да ја судиме книгата (во овој случај, фотографија) според нејзината корица. Постојат тајни што се кријат зад слатките насмевки, а ние ве покануваме заедно да истражиме за позадината на овие фотографии.

  • Вработените во Аушвиц  уживаат во слободни денови.

 

 

  • Еврејски деца се држат за раце додека несвесно одат во гасните комори во Аушвиц.

 

  • Заокружениот човек е серискиот убиец Родни Алкала. До неговото појавување во шоуто, тој силувал неколку жени и убил барем една.

 

  • Астронаути позираат лебдејќи, среќни што имаат таква неверојатна можност да бидат во вселената. Во меѓувреме, тие не знаат дека нивното вселенско летало е оштетено, и всушност ќе бидат мртви за неколку дена.

 

  • Оваа фотографија од татко и ќерка е направена неколку моменти пред бомбашкиот напад во Омаг во 1998 година. Бомбата поставена од група позната како Реал ИРА била во овој црвен автомобил и уби 29 лица, вклучувајќи го и фотографот кој ја направи оваа фотографија И таткото и ќерката за среќа преживеале.

 

  • Ова е физичарот Харолд Агну кој го држи нуклеарното јадро на атомската бомба фрлена врз Нагасаки во 1945 година.

 

  • Џон Ленон дава автограм на неговиот убиец Марк Чепмен, само неколку часа пред убиството.

 

  • Ова е виолината Хартли, сопственост на Валас Хартли, виолинист на Титаник. Ова е истата виолина на која тој свирел вечерта кога потонал бродот.

 

  • Правејќи селфи, сите изгледаат толку безгрижно, а тогаш ја гледате силната светлина зад нив и само сакате да им викате за да се тргнат од патот на возот.

 

  • Маж кој пливал до својата девојка во нивната подводна хотелска соба додека биле на одмор во Танзанија, и ја запросил со парче хартија и прстен, умре пред да успее да исплива на површината. На листот пишува: „Не можам толку долго да го држам здивот за да ти кажам се` што сакам кај тебе, но се` она што го сакам го сакам уште повеќе секој ден“.

 

  • Во „старите денови“ било вообичаено да се сликаат со мртви роднини. Жената во средина е веќе мртва.