Овие навидум обични очила за сонце всушност овозможуваат неверојатно виртуелно исуство

Фејсбук го направи најтенкиот дисплеј за виртуелна реалност и на прв поглед она изгледа како обичен пар очила за сонце. Популарноста на виртуелната реалност драстично се зголеми во последните години.

Без разлика дали станува збор за Oculus Rift, Vive, PS VR или дури и буџетскиот кој можете да го поставите на вашиот паметен телефон, сè повеќе домаќинства се опремени со сетови за виртуелна релност.

Сетовите за ВР не се баш невидливи и „ситни“ работи. Тие се честопати големи, разбирливо со оглед на нивната цел. Сепак, Фејсбук има други идеи во тој оддел. Добредојдовте во иднината на „лесната, удобна и високо-ефикасна технологија AR / VR“.

Следејќи ја работата на Half Dome 2 и 3 – прототип-сетот фокусиран на придобивките од варифокалните дисплеи – Facebook Reality Labs (FRL) сега се сврте кон „Холографска оптика за тенка и лесна виртуелна реалност“. Во трудот, истражувачите на FRL, Ендру Маимон и Јурен Ванг, изложија нова класа на дисплеи кои ја комбинираат моќта на холографската оптика и оптичкото преклопување засновано на поларизација – пристап кој може да се искористи за развој на идните „очила за сонце“ со VR хардвер.

Целта со овој сет била да се создаде видно поле споредливо со она што е достапно на пазарот, иако со супер тенка оптика и помала тежина. Залагајќи се за оваа технологија, истражувачите откриле „драматично намалување на дебелината и тежината“. „Очекуваме дека ваквите лесни и удобни фактори на форма можат да овозможат продолжени сесии на VR и нови случаи на употреба, вклучително и продуктивност“, додаваат тие.