Овие постери за пропаганда покажуваат колку мажите се плашеле дека жените ќе добијат право на глас

Времињата се менуваат и во денешно време е лесно да се искористи нашата можност да гласаме. Но, сепак не толку одамна нашите баби и прабаби го немале ова право. Пред само еден век, избирачкото право беше многу разделувачко и контроверзно прашање во западното општество.

Секогаш е страшно да се предизвикува статус кво и овие постери од почетокот на 20 век се совршена илустрација за тоа. Во нив, можете да ја видите фрустрацијата кај мажите, но и кај жените, кои се плашеле од промена и мислеле дека давањето право на глас на жените, некако ќе го уништи светот и напредокот што бил постигнат.