Овие роботски нозе ѝ помогнаа на зградата да „прошета“ до нејзиниот нов дом

Зграда која пешачи до својата нова локација звучи како почеток на детска книга, но ова е еден од начините како основно училиште во Кина е преместено од својата примарна локација. Во Шангај, основно училиште кое веќе било изградено, морало да се премести на нова локација за да се ослободи простор за трговски центар кој е испланиран да се изгради во оваа област.

Со цел да се премести зградата, изградена во 1935 година, се користеа низа хидраулични лифтови за транспорт на зградата. Иако звучи лесно ова бил прилично тежок и бавен процес.

За кревање на зградата беа потребни 198 роботски нозе, а во текот на 18 дена, училиштето беше преместено 62 метри. Иако ова е очигледно бавен процес, фактот дека хидрауличните нозе можат да го подигнат и придвижат училиштето несомнено е импресивно достигнување.

Овој вид операции обично се прават со помош на странични шини или рамни лежишта, но специфичната форма на училиштето значела дека овие методи не се применливи. Наместо тоа, хидрауличните нозе можат да ја задоволат формата на зградата и безбедно да го подигнат и преместат училиштето истовремено.

Не е јасно дали оваа практика ќе се повтори бидејќи е јасно дека користењето странични шини и рамни лежишта е претпочитана опција заради временска рамка. Како и да е, за згради со необичен облик кои треба да се преместат ова може да стане опција.

Сега работниците треба да ја преуредат училишната зграда и да се осигураат дека е безбедна пред да се вратат учениците. Со оглед на тоа што зградата е стара над осумдесет години подвигот на преместување е уште поимпресивен.