Овие сестри близначки родиле ќерки на нивниот роденден

Сестрите Атум Шо и Амбер Трамонтана од Ноксвил, Тенеси ги пречекаа своите ќерки во четвртокот, 29 октомври, породувајќи се во истата болница. Сепак, тие беа во посебни простории за време на породувањето. Бизарно, ова не е прв пат бременоста на Атум и Амбер да се поклопи, бидејќи нивните 2-годишни синови се само 10 недели разлика, но овој пат ситуацијата е уште поневеројатна.

Двете сестри велат дека прават буквално сѐ заедно, од детството, образованието до целите во кариерата, и сега почетоците на нивните сопствени деца ќе бидат вечно поврзани. Тие велат дека сакале нивните деца да бидат со мала разлика во вораста за да се имаат едни со други, но не се надевале дека ова ќе се случи.

Двете девојчиња се родени со само 90 минути разлика и тоа токму на роденденот на близначките. Кои се шансите за тоа? Џорџ Вик, лекарот кој бил задолжен за Амбер и Атум вели дека во неговата 45-годишна кариера не доживеал вакво нешто.

Во иднина семејството ќе треба да слави 4 родендени во еден ден и дефинитивно нема да имаат изговори дека некој му го заборавил роденденот на другиот.