Овие стрипчиња ќе ве инспирираат да се сакате и повеќе да се грижите за самите себе

„Во една искра во универзумот, таму се роди Солока. Негувана од сонцето, месечината и ѕвездите, Солоока е самата вселена. Таа изгледа како човечко бебе со бушава коса и не носи облека за да го изрази своето вистинско јас. Таа сега доаѓа на земјата и живее во човечкото срце. Премостувајќи ги нашите срца и мозок, Солока (Soolooka) е посветена да нѐ потсети дека заслужуваме љубов и радост и дека сите сме неверојатни такви какви што сме. Без оглед на денот што го имате, се надевам дека се сеќавате дека има Солока во вашето срце. Грижата за себе и самољубието нека станат навика и практикувајте ги секој ден. Сакајте се себеси 1% повеќе секој ден!“, вели илустраторката Ченг Чи Синг од Хонг Конг, која стои зад овие неверојатни стрипчиња. Таа ја шири својата позитивна приказна од 2016 година и не планира да престане, сѐ додека им пренесува позитивна енергија на луѓето.

Не ти треба изговор за да го правиш она што го сакаш.

Не можеме да контролираме сѐ, можеме да избереме само како ќе изреагираме.

Прави што ти е на тебе значајно, затоа што ти  значиш.

Секој мал чекор се важи.

Конструктивен коментар и глупав коментар.

Биди сигурен дека креираш прекрасни поглавја за остатокот од твојата приказна.

Грижи се за своето срце како што се грижиш за своите сакани.

Дозволи минатото да те направи посилен.

Колку сме повеќе под стрес, толку е поважно да имаме време за себе.

Сакај се себеси 1% повеќе секој ден, бидејќи се додава.

Некои денови се борба и ние сѐ уште работиме напорно за да се исцелиме.

Не се откажувај од своите големи работи, само затоа што малите умови не можат да сфатат.

Остави ги очекувањата на останатите и исцелувањето може да започне.