Овие суштества се измачуваат и се јадат самите себи по парење, а науката конечно дозна и зошто

Многу животински видови умираат откако ќе се размножат. Но, кај мајките октопод, овој пад е особено алармантен: кај повеќето видови, додека јајцата на мајката на октопод се приближуваат до крајна фаза, таа престанува да јаде.

Таа потоа ја напушта својата заштитна обвивка над нејзиното потомство и се доведува до самоуништување. Може да се удира од карпа, да си ја кине кожата, дури и да јаде парчиња од сопствените пипала.

Сега, истражувачите ги открија хемикалиите кои се чини дека го контролираат овој фатален бес. Откако октопод снесува јајца, таа претрпува промени во производството и употребата на холестерол во нејзиното тело, што пак го зголемува нејзиното производство на стероидни хормони – биохемиска промена што ќе ја осуди на пропаст. Некои од промените може да навестат процеси кои ја објаснуваат долговечноста кај безрбетниците генерално, вели З. Јан Ванг, доцент по психологија и биологија на Универзитетот во Вашингтон.

„Сега кога ги имаме овие патишта, навистина сме заинтересирани да ги поврземе со индивидуалните однесувања, па дури и со индивидуалните разлики во тоа како животните ги изразуваат овие однесувања“, изјави Ванг.

Програмирани да умрат

Дури и како студент на додипломски студии по англиски јазик, Ванг била заинтригирана од женската репродукција, вели таа. Кога преминала во постдипломски студии по наука, таа го задржала тој интерес и била импресионирана од драматичната смрт на мајките октопод откако ги положувале јајцата. Никој не ја знае целта на однесувањето. Теориите ја вклучуваат идејата дека драматичните прикази на смртта ги одвлекуваат предаторите од јајцата или дека телото на мајката ослободува хранливи материи во водата што ги негуваат јајцата. Најверојатно, вели Ванг, умирањето ги штити бебињата од постарата генерација. Октоподите се канибали, вели таа, и ако постарите октоподи се вртат наоколу, тие може да ги изедат сите младенчиња.

Ванг и нејзините колеги ги анализираа хемикалиите произведени во оптичките жлезди на калифорниските октоподи со две точки (Octopus bimaculoides) откако тие снесоа јајца. Во 2018 година, генетската анализа на истиот вид покажа дека по несењето јајца, гените во оптичките жлезди кои произведуваат стероидни хормони (кои делумно се изградени со компоненти на холестерол) почнале да надминуваат кормални количини. Со таа студија како водич, научниците се фокусираа на стероидите и сродните хемикалии произведени од оптичките жлезди во октоподите со две точки.