Овие жени ги замолиле своите „посилни половини“ да ги нашминкаат, како што сакаат тие и еве ги резултатите

Мажите често велат дека жените им се „поубави природни“, но да бидеме искрени и тие сакаат кога нивната сакана ќе му даде сјај на своето лице, барем со малку шминка. Но, каква шминка всушност сакаат тие?

Една жена решила да направи проект во кој сопрузите и момчињата ќе можат да ги нашминкаат своите понежни половини токму на начинот на кој што тие сакаат. И доколку си помисливте дека жените ќе изгледаат како кловнови, тогаш грешите, момците имаат скриени таленти.

Маргарет

„Најпрвин тој ми нацрта една огромна веѓа. Се смеевме на мојата нова гигантска веѓа и тогаш му покажав како да го поправи тоа и натаму беше лесно. Бев изненадена затоа што прочитав милиони статии во кои се вели дека мажите не сакаат светли кармин на жени, но сопругот ми го зграби мојот нов, светло црвен кармин без двоумење.“

Мери

„Не научивме ништо ново затоа што со години живееме заедно во истиот стан. Беше забавно. Се смеевме многу. Бевме во одлично расположение цел ден. Бев изненадена што мојот сопруг направи вистинска претпоставка за мојот омилен кармин.“

Кетрин

„Експериментот беше одличен затоа што поминавме 40 минути заедно во шега и смеа. Не знам што научи за мене, но јас бев пријатно изненадена што добро го познаваше моето лице. Тој беше во можност да ги избере вистинските бои самостојно. Мислам дека му најдовме нова работа.“

Лидија

„Открив дека иако маж ми црта добро на хартија, тој не е добар во шминкањето. Дури и така, беше забавно. Дефинитивно ќе го замолам да ме нашминка за некој настан.“

Ивана

„Не сакам силна шминка. Мислам дека ме прави да изгледам постаро отколку што сум навистина. Одењето во кафулиња, нечија куќа или други настани не влијаат на мојата лесна, секојдневна шминка. Мојот сопруг има слично мислење.“

Керен

„На изненадување, мојот сопруг Алекс набрзина се согласи да го направи експериментот па дури и беше возбуден. Тој сакаше да заврши добра работа, но не беше многу уверен во своите вештини. Тој ми покажа клип каде што девојка се шминка нежно во француски стил и го следевме тоа.“

Алиса

„Експериментот е одличен. Нема многу причини да се стави шминка деновиве. Мојот дечко беше многу сериозен во врска со тоа и немаше предрасуди за шминкањето. Тој е од Мароко и живееме во Франција.“

Мери

„Ми требаше долго време да го убедам сопругот да го стори тоа и тој рече дека нема идеја како да стави шминка и тврдеше дека ако го стори тоа, јас би изгледала како кловн. Како резултат, тоа беше сосема спротивно – тој се обиде да не направи никаква штета и ја направи мојата шминка во многу едноставни светли нијанси користејќи што е можно помалку производи за убавина.“

Алиса

„Беше забавно – мојот сопруг немаше поим кои работи за што служат, па му дадов сѐ. Отпрвин, тој ми стави сини нијанси на моите очи. Тој го погледна резултатот и го изми. Одлучи дека црната ќе биде најдобра и стана незапирлив: црно, сиво, розево…“