Овој човек имал „сосема логично“ објаснување како нелегалната супстанција се нашла во неговиот автомобил
Ах, колку е убаво кога возите на отворено, ќе го отворите прозорецот ветерот во косата, сонцето полека заоѓа, кокаин низ вашиот автомобил… чекај што?
Кога ќе се најдат во неволја луѓето измислуваат бизарни изговори, како на пример: „Кучето ми ја изеде домашната работа“. Џозеф Зек од Сент Луси, Флорида, морал да најде изговори кога го запрела полицијата.
Откако не запрел на знакот за запирање локалната полиција го забележала Зек и решиле да го стопираат. На полицајците им станало сомнително откако Зек правел „потези на бегалец“ така што иако застанал не го изгаснал автомобилот и се обидел да исфрли нешто од прозорецот на совозачкото седиште.
37-годишникот, кој полицијата го опиша како конфронтативен и со крвави „сјајни“ очи, исто така постојано гледал низ неговиот автомобил како да барал нешто што не би требало да биде таму. Затоа полицајците решиле да извршат претрес. Тие побарале негова дозвола да го пребараат автомобилот и брзо пронашле „тркалезен стаклен цилиндер кој најчесто се користи за пушење на крек кокаин, заедно со пластична кеса.
Но, тука Зек не се давал. Тој упорно тврдел дека содржината во кесичката не е негова и дека со сигурност ветерот ја сместил во неговиот автомобил бидејќи, нели логично, возел со отворен прозорец. Полицајците го уапсиле, но тој си останал достоен на својата приказна за „криминалниот ветер“. Сега тој го очекува своето судење.