Овој човек објавил дека својот спортски автомобил го продава со „добра причина“
Изневерувањето може скапо да ве чини, еве на пример овој господин го чинело клучевите од неговиот автомобил.
Еден маж бил принуден да го продаде својот автомобил откако неговата девојка забременила и неговата сопруга дознала.
Објавен на mudah.my од Чан Еу Џин огласот е привлечна понуда за секој љубител на автомобили. Огласена е Honda S2000 2.0 од 2007 година. За само 280.000 RM (тоа е нешто повеќе од 50.000 евра) може да му се помогне на типот кој го фатиле со „спуштени пантолони“.
Еве што напишал тој во описот: „Прекрасен автомобил, тажен сум што го продавам. Оваа топлес убавина ќе ве однесе на големо искуство во возењето до ридовите, плажата и станот на таа нова практикантка во вашата канцеларија. Неволна продажба. Девојката е бремена, а сопругата знае. Мора да се продаде затоа што адвокатот сака пари. Одговарам само на пораки не можам да се јавувам на телефон поради вознемиреност од мојата ситуација. Не се мачи да ја намалам мојата цена, овој S2000 вреди повеќе од мојата девојка. Можеби ќе ја продадам неа наместо него.“
Автомобилот моментно се наоѓа во малезиската држава Селангор, така што не е баш лесно доколку сакате да си го купите. Но, кој знае можеби набрзо ќе биде купен.