Овој човек од Токио е „професионален природен наѓубрувач“ кој не би сакале да го видите во „акција“

Вршењето нужда е прилично „интимна работа“ и секако не би сакале никој да нѐ види додека го правиме тоа, па затоа не го правиме во јавност или во многу ретки ситуации надвор. Сепак, Масана Изава одбива овој природен процес да го извршува во тоалетот и смета дека има прилично добра причина за тоа.

Масана веќе 50 години оди по голема нужда надвор, во природата, затоа што смета дека така ѝ помага на почвата да стане плодна и ги охрабрува и другите луѓе да го прават истото. „Да се врши голема нужда надвор е начин да се врати животот.“, вели тој.

69-годишниот кој се нарекува „професионален природен наѓубрувач“ скоро половина век ја извршува физиолошката потреба на нејасни локации во областа на Големиот Токио. Пронаоѓањето приватни места може да биде незгодно, но Изава станал „експерт“ во пронаоѓање на такви локации.

Од 2000 година, тој одел по голема нужда над 15.000 пати, но користел тоалет само 14 пати во овој век. Изава е конзерватор од 70-тите години на минатиот век – сепак, во 1973 година неговите напори се засилиле, откако видел група на граѓани кои протестираат за изградба на ноќна фабрика за отстранување на почвата во неговото соседство.

„Ме натера да размислувам: зошто луѓето не преземаат одговорност за својот отпад? Дали луѓето дури знаат или се грижат за тоа како се обработува нивниот отпад откако ќе го пуштат во школката? И дали нашиот измет е навистина отпад? После размислување, решив да започнам со дефекација на отворено за да бидам дел од циклусот на природата – копам дупка во земјата и ја покривам потоа.“, објаснува тој.

Додека тој претходно користел тоалетна хартија, сега користи лисја, откако открил дека некоја хартија стои со месеци во почвата пред да се разгради. Во 2017 година дури и напишал книга насловена: „Ајде да почнеме со надворешна дефекација со лисја“.