Овој човек посвоил куче со тумор на мозокот за последните денови да му поминат во „безусловна љубов“

Лучијано Каросас, од Беразегатуи во Буенос Аирес, сакал да посвои куче и кога отишол во засолниште сфатил дека таму има кученце кое е одбиено од многу семејства затоа што има тумор на мозокот и му останале уште неколку недели од животот.

21-годишното момче се сожалило и сакало последните неколку недели на Танос да му бидат најдобри досега.

Танос живеел со друго семејство кога му бил дијагностициран ракот, но откако болеста се проширила на главата семејството не можело повеќе да се грижи за него и го однело во засолниште.

Оттогаш го вдомиле неколку семејства, но никој не можел да се справи со неговата ситуација и повторно го вратиле во засолништето, каде што се запознал со Лучијано.

Момчето првин се обидело да го спаси кучето така што го однел на неколку ветеринари, нот ие му кажале дека моментално не постои третман кој би можел да му помогне на Танос. Затоа Лучијано решил тие 40 дена дадени од лекарите да ги искористат максимално и секој ден го разгалува колку што може повеќе.