Овој човек тврди дека не го пуштаат во пабови поради неговата „модерна фризура“
Логично би било да не ве пуштат во паб или дискотека затоа што сте премногу пијани, несоодветно облечени или кога се пред затворање, но еден човек од Австралија вели дека не го пуштаат да влезе во многу локали затоа што има „погрешна фризура“.
Џед Гатсби ја носи оваа фризура повеќе од пет години, откако првично ја направил за да се пошегува со пријателите.
Но, тој вели дека не очекувал дека ќе му се случи вакво нешто. Гадсби, од Квинсленд, вели дека отпатувал во Бризбејн на роденденска прослава и дека бил шокиран кога бил одбиен од повеќе пабови.
Џед вели дека од обезбедувањето му ја провериле личната карта и еден од нив се наведнал кон него и му шепнал: „О не можам да те пуштам поради фризурата, против дрескодот е.“ Потоа отишле и во други два ресторани но и таму бил одбиен. Човекот вели дека бил пристојно облечен и дека се чувствува дискриминирано.
Сепак Џед не планира да ја смени фризурата наскоро и вели дека му се допаѓа, иако тоа може да значи дека нема да излегува со пријателите толку често.