Овој маж бил уапсен откако полицијата му се јавила благодарение на „рекламната маичка“ за дрога
Ваџид Хусеин го водел својот нелегален бизнис во Јоркшир, каде што продавал хероин и кокаин на „повик“.
27-годишниот човек решил бизнисот да си го направи по профитабилен, па си испринтал маички на кои си го напишал телефонскиот број на кој можат да го бараат купувачите.
Неговиот систем сепак се покажал како не многу „интелигентен“ кога полицијата на Западен Јоркшир започнала тајна акција и полицаец на тајна задача му се јавил за да „купи дрога“. 27-годишникот го водел бизнисот „Scooby Line“ од април 2019 и ја носел маицата за да го направи својот бизнис успешен.
Кога полицијата извршила рација во неговиот дом, пронашла уште маици, пари, дрога и многу киндер јајца. Се претпоставува дека ги користел пластичните кутивчиња од киндер јајцата како начин за складирање на дрогата. Хусеин имал 18 претходни осуди за 31 прекршок, вклучително и набавка на дрога од класа А во 2012 година, по што бил испратен во поправен дом 16 месеци.
На Хусеин му се придружил еден од неговите „работници“, 59-годишниот Кевин Хоџсон, кога се сретнувал со полицајците за да им продаде дрога. Хусеин се изјасни за виновен по пет точки од обвинението за снабдување со дрога од Класа А и е осуден на шест години затвор, додека Хоџсон ќе биде во затвор две години и два месеци.