Овој пар бил заедно 40 години, но решиле да се венчаат една недела пред нејзината смрт
Болничкиот персонал на болницата „Кралицата Елизабета, Кралицата Мајка“ во Маргат, Кент, организираше цела свадба за само еден ден за да може жена со смртоносен рак да се омажи за својот сакан. Полин Менинг, од Шолден била во брак само 7 дена пред да почине, но нејзиниот сопруг му е благодарен на персоналот што на таков убав начин ѝ ја исполни последната желба.
Тие ја покриле медицинската опрема со чаршафи и поставиле светилки и балони за да создадат магична свадба за парот. Менаџерката во пензија, г-ѓа Менинг, од Шолден, во близина на приморскиот град Док, се запознала со г-дин Кристи за време на игранка во август 1980 година. Тие честопати разговарале на темата брак, но никогаш не пронашле време за да го реализираат тоа.
Меѓутоа, кога г-ѓа Менинг ја доби нејзината трагична дијагноза, тие одлучија дека нема подобро време како сегашноста. Г-дин Кристи, пензиониран брокер во осигурувањето, изјавил: „Полин секогаш сакаше едноставна церемонија, така тоа го направивме. Додека одев во канцеларијата за регистрација да ја направам документацијата, персоналот помогна да се подготви Полин.“
Децата на г-ѓа Менинг, Нина и Скот биле сведоци, а нејзината сестра Џули била во улога на кума и ја предала невестата. „Имавме традиционална церемонија и внесовме бела чоколадна торта како свадбена торта. Персоналот обезбеди повеќе торта и само направи сè убаво. Просторијата беше полна бидејќи сите сакаа да дојдат и да нè гледаат како се венчаме.“, вели Кристи.
По церемонијата на Полин ѝ било дозволено да си оди дома, но по една недела ракот го одземал нејзиниот живот. Иако нејзиното семејство е во неизмерна тага, тие се благодарно што последните денови ги поминала со најсаканите луѓе опкружена со многу љубов и грижа.