Овој слеп слон многу сака класична музика и пијанистот добро го знае тоа
Животните продолжуваат да нѐ изненадуваат со постапки кои се прилично човечки. Знаете, работи како емоции, емпатија, капацитет за креативност и што не. Она што е изненадувачки е да се види фактот дека животните го разбираат и учествуваат во она што го гледаме како уметност и култура. Земете го ова на пример: Еден британски музичар по име Пол Бартон довлечка пијано во засолништето за слонови и почна да свири класична музика на слеп слон по име Лам Дуан.
Одговорот на слоницата? Таа почна да игра. 62-годишната слоница ги поминува своите денови во ElephantsWorld која е организација за заштита на животните со седиште во Ванг Донг, Тајланд и таа е слепа поголемиот дел од својот живот.