Овој возач на автобус забележал 2 изгубени кучиња на патот и решил да им помогне

Едно семејство од Милвоки доживеа „Божиќно чудо“ благодарение на грижливиот возач на автобус, кој реши да им помогне на две палави кучиња.

Семејството ги изгубило кучињата откако успеале да избегаат од дворот и заминале на „прошетка“. Тие ги барале цела вечер, но не можеле да ги најдат.

Истиот ден, околу полноќ, жена, возач на автобусот по име Џејми Грабовски ја заврши својата рута и се враќаше назад кон гаражата на транзитниот систем во округот Милвоки, кога забележа две кучиња како трчаат наоколу на улицата. Бидејќи температурата таа вечер била прилично ниска, Џејми не сакала да ги остави збунетите кучиња да смрзнуваат надвор па ги поканила „авантуристите“ во нејзиниот автобус.

„Еј, вие двајца. Треба да одите дома сега. Ајде, внатре “, вели таа во видеото за надзор. Кучињата се чинеа доволно пријателски расположени и скокаа во автобусот додека ги мавтаа опашките. Таа ги известила властите и пратиле полицаец кој ги однел во засолниште за животни.

Преку чиповите веднаш биле пронајдени сопствениците и семејството и кучињата повторно се заедно и ѝ се бескрајно благодарни на хуманата Џејми.