Овој човек го пронајде најслаткиот начин да ѝ каже на својата поќерка дека ја посвојува

Веројатно повеќето од нас би се согласиле дека односите во семејството никогаш не се лесни. И покрај тоа што се сакаме едни со други до смрт (понекогаш дури и доста буквално), ние или сме премногу различни или премногу слични па доаѓа до ситни караници. Сепак сето ова може да се надмине бидејќи семејството е една сложувалка составена од повеќе делови.

На малата Кајли ѝ недостасувал еден дел од сложувалката, татко. Таа улога одлично ја одиграл новиот сопруг на нејзината мајка, Тим. Сепак девојчето сакало овој однос да се официјализира. За среќа, Тим беше подготвен за тоа и го најде најдобриот начин да ја изненади со добрата вест.

Тим Бобит знаел дека веднаш ќе мора да го дели вниманието на неговата сакана Ејми, бидејќи таа е самохрана мајка на нејзината ќерка Кајли. Сепак тој не очекувал дека девојчето е мал ангел и дека тие толку многу ќе се поврзат. Тојсе сеќава на првиот пат кога го запознал девојчето и не се надевал дека тој наскоро ќе го заспива, ќе го учи да вози велосипед, ќе одат во забавни паркови и ќе присуствува на деновите за татковци на училиште.

На денот на неговата венчавка, тој помислил дека има сè што може човек да побара кога Кајли смислила неверојатно изненадување. Додека тој стоеше пред олтарот, таа му достави писмо пред нејзината мајка и сите нивни пријатели и семејство. Во писмото, таа го замолила официјално да ја посвои.

По долги месеци средување на документација, конечно стана официјално и Тим решил да ја изненади на истиот начин како што таа го направила. Еве го срцезатоплувачкиот момент: