Овој човек ослабна скоро 30 килограми, за да може да му донира бубрег на својот брат близнак

26-годишниот Далтон Ингили се упатил кон годишна физичка проверка која задолжително ја барал неговиот работодавец, од компанија за услуги за отстранување на смет во Пенсилванија.

Тогаш тој открил дека имал алармантно висок крвен притисок, а по посетата во болницата му било дијагностицирано откажување на бубрезите во фаза 3. Сега, на возраст од 29 години, кој живее во Гринвил, Далтон се чувствува „одлично“ и за тоа треба да му се заблагодари на својот брат.

Далтон се борел со воспаление на филтрите на бубрезите наречени гломерулонефритис, водечка причина за бубрежна слабост. Тој вели: „Ме однесоа во болницата … со услови за мозочен удар. Ми рекоа: ‘Па, изгледа дека имате проблем со бубрезите.’ Бев како: ‘Како можам да имам бубрежна слабост? Не сум болен.’ Во тој момент беше шок. Како се случува ова на мене, 26-годишник?“

Бубрезите на Далтон делувало дека работат добро до април 2017 година, во тој момент тој започнал домашна дијализа. Подоцна, во јануари 2018 година, тој се разболел од пневмонија и бил префрлен на хемодијализа, при што машина и вештачки бубрег му ја чистеле крвта. Тој бил присилен да ја напушти работата, а лекарите му кажале дека му е потребна трансплантација на бубрег.

Неговиот брат, идентичен близнак, Џејмс без размислување одлучил да донира бубрег. Далтон вели дека не се сеќава дека воопшто и побарал од него да го стори тоа. Сепак, не би било толку едноставно. Џејмс морал да симне скоро 30 килограми за да биде совршен донатор за бубрег.

Откако потполно го сменил својот животен стил, исхраната и вежбањето Џејмс ослабнал 27 килограми и во мај 2018 година се случила трансплантацијата, а на Далтон не му биле потребни ниту лекови за отфрлање на органот. Тој сѐ уште не се вратил на работа, но се надева дека тоа ќе се случи наскоро.