Овој дедо треба да наполни 101 година, но му ја откажале забавата, затоа тој побара друг вид на поддршка

101-от роденден на еден 100-годишен дедо е откажан поради мерките на социјално дистанцирање. Иако тој напрвин се растажил што ќе остане без забава, социјалните мрежи му помагаат на овој долговечен човек.

Човекот, познат само како Овен и за кој се верува дека е американски државјанин, напиша порака за светот на таблата што ја сподели Мохамад Сафа, застапник за човекови права и постојан претставник во Обединетите нации.

Пораката гласи: „Здраво! Јас сум Овен. На 31 март наполнам 101 година. Мојата роденденска забава беше откажана поради социјалното дистанцирање Помогнете ми да прославам со добивање на 101.000 лајкови/коментари“. Ова секако не било проблем и Овен наскоро добил над 127.000 лајкови.