Овој „крупен фраер“ од над 400кг бара невеста, но има прилично специфични барања
Кревач на тегови кој тежи 444 килограми и го нарекуваат пакистански Хулк бара сопруга, но не сака да земе во предвид ниту една жена која има под 100 килограми, затоа што вели дека ќе ја згмечи.
27-годишниот Арбаб Кајзер Хајат тврди дека веќе отфрлил околу 300 невести затоа што биле премногу мали и сега се надева дека ќе ја најде совршената жена која ќе му парира во тежината.
Хајат, кој е висок 197см вели дека неговата партнерка мора да биде висока барем 192см за парот да изгледа „добро заедно“. Исто така тој вели дека таа треба да биде „гломазна“ за да тој не ја повреди со својата тежина. Но, тоа не е сѐ!
Ергенот вели дека неговата сакана треба да знае добро да готви за да може да се грижи за неговата исхрана со 10.000 калории на ден, која вклучува јадење 36 јајца за појадок. Тој исто така јаде 3 кг месо и повеќе чинии ориз и леб во текот на денот, како и 5 литри млеко.
И покрај големата количина храна што ја јаде, Хајат, од Мардан, Пакистан, инсистира на тоа дека тој е „апсолутно згоден и добро се чувствува во своето тело“. Ова е затоа што тој редовно вежба, и јаде толку многу за да стане „светски шампион“.
Во неговото соседство, Хајат веќе е ѕвезда и е признат како најсилниот човек во светот низ Пакистан. Тој стана познат откако видеата на кои влече трактор со јаже, станаа вирални. Сепак, оваа слава не му е доволна и тој сега сака да најде сопруга. Затоа ако познавате многу крупна жена која нема момче од некоја причина препорачајте ѝ го овој фраер.