Овој мебел е дизајниран за да ги издржи климатските промени, но да се надеваме дека нема да ни го затреба

Климатските промени се клучен проблем на оваа декада. Но, сепак, 41% од Американците не гледаат на климатските промени како сериозна закана. Креативни момци смислиле решение за кога климатските проблеми нема да можат да се надминат: линија за мебел дизајнирана да ги преживее долгорочните ефекти од зголемувањето на нивото на морето.

Икеа ги носи климатските промени во дневната соба за да можеме да го промениме начинот на кој живееме. На овој начин тие веруваат дека луѓето ќе бидат свесни за климатските промени и ќе дејствуваат за да ги ублажат, затоа што кога ние се менуваме климата не се менува. Секако не можете навистина да си ја уредите дневната или спалната соба со овој мебел, но тој дефинитивно ќе ја крене свеста за тоа што би можело да не очекува.