Овој пензионер јаде во локално училиште 4 пати неделно и за тоа има добра причина

86-годишниот Кирил Агет пред 6 години ја изгубил сопругата Ширли и оттогаш е прилично осамен.

Вработените во средното училиште „Комбе Дин“ во Плимут забележале дека повеќе никаде не го гледаат Кирил, па решиле да му се јават и да го прашаат како е. Тој им раскажал за неговата сопруга и дека се чувствува осамено, а тие имале одлична идеја.

Персоналот го замолил Кирил да доаѓа во училишната кантина 4 пати неделно и на овој начин да се бори со осаменоста заедно со нив и учениците. Дедото кој живее во близина на училиштето сега е редовен гост во кантината. Четири пати неделно, тој ужива во училишна вечера и друштвото на учениците.

Тој вели дека разговорите со персоналот и учениците му значат сѐ на светот затоа што до недоамна не можел да се помири со болката по смртта на Ширли. Кирил објаснува како со ручекот добива дури и чаша чај, велејќи: „Сите зборуваат со мене, канцеларискиот персонал е брилијантен.“

Претходно Кирил и неколку месеци по смртта на сопругата не можел да излезе од дома. Кирил, пензиониран чевлар вели дека до пред некое време не сакал да стане од кревет, лежел во него до 2 часот попладне, но сега работите се поинакви.

Иако училиштето не работи за божиќните празници вработените во кантината му направиле доволно јадења за Кирил за време на празниците. „Јас мислам дека воопшто не треба да слават празници.“, се шегува Кирил, кој вели дека сите ќе му недостасуваат до јануари.