Овој поштар стана вистински херој откако смисли креативен начин како да ги расположи луѓето

За многу луѓе во изолација, поштарот ќе биде единствената личност која што ќе ја видат надвор од своето семејство. Во Велика Британија, во услови на пандемија на коронавирус, повеќе луѓе од кога и да било остануваат дома.

Џон Матсон се придружува на списокот на клучните работници кои сè уште се обидуваат да работат од ден на ден за да ѝ бидат од корист на јавноста.

Со цел да ги насмее луѓето во овие тешки времиња, тој својата обична поштарска униформа ја замени со најразлични костими. 39-годишниот Џон доставува пратки во областа Болдон во Тајн и Вер. Неговиот кварт го прогласи за херој откако со радост чекаат кој ќе биде новиот косим на веселиот поштар.

„Секој момент е несигурен и вие сте единствената личност надвор од семејството што ја гледаат, па зошто да не им дадете нешто за што да се насмевнат. Навистина е убаво да се види како луѓето излегуваат да ме гледаат … со тоа што ги гледам другите и јас се расположувам.“, вели поштарот.