Овој предизвик со стол можат да го направат само жените, а мажите останаа зачудени

Одамна се зборува дека мажите се од Марс, а жените се од Венера. И, иако можеби ова не е строго точно, се чини дека половите имаат различни способности кога креваат столови. Кристина Сорентино (32) и Девин (29) кои го испробаа „предизвикот на столот“ откако им станало досадно и видеото го објавиле на „TikTok“.

Тие не се надевале дека ќе привлечат толку внимание и дека уште многу луѓе ќе ги следат нивните стапки, буквално. Предизвикот покажува дека она што Кристина го прави со вистинска леснотија нејзиниот свршеник Девин се мачи да го направи па дури и не успева.

Професорот на универзитетот Кембриџ Брајан Форд даде објаснување зошто вака се завршува овој едноставен предизвик: „Точно е дека жените имаат понизок центар на гравитација од мажите, за неколку сантиметри. Но, тоа нема никаква врска со овој лукав мал трик. Мажите имаат подолги нозе од жените. Две чекори назад за маж би биле околу 60 сантиметри, за жена околу 50 см. Така што мажот е поставен подалеку од ѕидот. Поголемите нозе на мажот значат дека тој е подалеку одѕидот од жената, и на тој начин се потпира напред. Нозете на жената се поблиску до ѕидот и на тој начин се потпираат наназад.“