Овој Спајдермен стана вистински херој во своето соседство по појавата на коронавирусот

Стив Гудвин најчесто се облекува како Спајдермен за својот бизнис, „Забави со суперхерои“ и како таков оди по забави, родендени, училишта и слично.

Меѓутоа, како што општеството започнува да практикува социјално дистанцирање и самоизолација за да спречи ширење на коронавирус, Стив забележал можност да биде херој во вистинскиот живот. 39-годишниот Британец решил да направи добро за родниот град Хоршам, Западен Сасекс.

Тој се облекува како Спајдермен и оди да им однесе намирници на загрозените категории. Таткото на две деца оди во продавниците пазари и потоа им ги носи намирниците на оние кои не смеат да излегуваат од дома.

„Целата идеја е да им дадете на луѓето нешто да се смеат додека помагате во изолирање на семејствата. Секој го сака тоа … Луѓето треба малку да се расположат во овие моменти.“, вели Стив.

Иако Стив е оној облечен во суперхеројски костум, тој истакна дека „вистинските суперхерои се наши здравствени работници, наставници, возачи“. Тој исто така вели дека на сите продавачи им кажува дека прават неверојатна работа.