ХЕРОЈ: 6-годишното братче сега е целото во лузни, откако го ризикуваше својот живот за да си ја спаси сестричката
Еве што значи да се има постар брат во животот!
Бриџер Вокер, од Вајоминг, претрпел прилично опасни повреди откако го ставил сопствениот живот на ризик за да ја спаси својата помала сестра од напад на животно. Младиот херој скокнал пред својата сестра кога видел дека се приближува кучето, пред да ја грабне за рака и да ја повлече од патот со што кучето го каснало неколку пати по лицето и главата.
Храбриот Бриџер по нападот ѝ кажал на својата тетка: „Ако некој треба да умре си помислив дека тоа треба да бидам јас.“ Откако бил пренесен во болница, младиот херој добил околу 90 шевови од пластичен хирург, а сега одмора дома со своето семејство. Младиот човек се стекнал со пофалби од луѓе ширум светот кои биле инспирирани од неговата храброст.
Иако не може многу да се смее, неговите рани брзо заздравуваат и тој е пресреќен од коментарите кои ги добива од луѓето. Семејството на Бриџер соопшти дека нема да го тужат семејството на кое што припаѓа кучето велејќи дека тие се „одлични луѓе кои биле добри и љубезни со Бриџер и семејството.“
Иако најверојатно на лицето на младото момче ќе остане по некоја лузна, ова секогаш ќе му биде потсетник за тоа колку тој бил добар брат.