Овој 88-годишен докажа дека годините се само бројка: Го заврши својот 12 маратон со неверојатни резултати

На 88-годишна возраст, кога повеќето луѓе почнуваат да размислуваат за мир и релаксација, Плутархос Пурлијакас му докажува на целиот свет дека годините се само бројка. Неодамна го заврши својот 12-ти маратон во Атина, поминувајќи 42.195 километри за само 6 часа и 31 минута. Ова е особено импресивно ако се земе предвид дека првпат почнал да трча на 73 години.

 

Плутархос не бил секогаш тркач. Случајно се заинтересирал за трчање кога го видел синот, ултрамаратонец како тренира и учествува на натпревари. Тогаш Плутархос решил да се обиде. На почетокот тоа биле кратки растојанија – околу 4-5 километри дневно, а потоа долги тренинзи за време на викендите, достигнувајќи и до 20 километри. Постепено трчањето станало составен дел од неговиот живот.

Денес, по долгогодишни тренинзи, Плутархос веќе има 12 завршени маратони под својот појас, а секоја нова трка му носи нови достигнувања. Овој пат успеа да го подобри своето време за 18 минути во однос на претходната година!

„Се чувствував младо, како повторно да имам 70 години!” се шегувa тој додека ја минува целта на громогласен аплауз од неговото семејство и пријатели на познатиот стадион Панатинаикос во Атина.

Што ѝ помага на оваа неверојатна личност да одржува добар дух и тело? Според самиот Плутарх, тајната е едноставна: правилна нега на телото и избалансиран живот.

„Никогаш не сум пушел, избегнувам алкохол, се трудам да си легнам рано и да се будам со првите сончеви зраци“, го споделува своето искуство.

И покрај неговата строгост во однос на лошите навики, Плутархос признава дека си дозволува мала слабост – дневна чаша од локалниот пијалок „ципуро“. Но, тоа го прави исклучиво заради здравјето, сметајќи го пијалокот како лек.

Атинскиот маратон, кој го трча Плутархос, е исто така посебен затоа што ја следи патеката на легендарниот грчки гласник Федипид, кој, според легендата, ја истрчал оваа далечина пред околу 2.500 години за да пријави победа над Персијците во битката кај Маратон. Овој подвиг ги инспирираше организаторите да го создадат првиот модерен маратон, а денес илјадници спортисти од целиот свет се стремат да го повторат овој историски пат

  • tlovertonet напиша:

    I couldn’t resist commenting

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *