Овој автомобил достигнува максимална брзина од 532 км/ч и стана најбрзиот автомобил во светот

Првата компанија за хиперавтомобили во Америка го сруши рекордот за најбрзиот автомобил во светот. Северноамериканскиот хиперавтомобил Туатара достигна просечна брзина од неверојатни 508 км/ч за време на две тест-возења во близина на Лас Вегас, овој месец.

Автомобилот го возел британскиот возач на трки Оливер Веб, кој постигнал максимална брзина од 532 км/ч за време на второто возење на патот до соборување на рекордот. SSC Tuatara ја одзеде титулата од Bugatti Chiron, кој го сруши рекордот во 2019 година со максимална брзина од 490 км/ч на патеката во Ехра-Лесиен, Германија.

Како претходни носители на титулата со своето возило Ultimate Aero, SSC свесно ја дизајнираше Tuatara со Chiron во своите нишани – спецификациите на автомобилот можат да се пофалат со над 1.750 коњски сили, како и со повеќе аеродинамична форма и понизок коефициент на влечење од Chiron.

Тешко е да се опфати со камера автомобил кој е побрз од самата камера, па така автомобилот морал да биде снимен си авион T-33 Jet за да се види неверојатниот подвиг од птичја перспектива.