Овој човек му го спасил животот на едно мало суштество и оттогаш неговиот свет не е ист

Стивен Тибо од Нахант, Масачусетс, забележал мало патче како се мачи да преживее покрај базенот пред станбениот комплекс со кој управува тој.

Стивен почекал да види дали мајката на патчето ќе се врати по него, но откако сфатил дека тоа нема да се случи се сожалил на кутрото животно. Тој го земал бебето со него дома и одлучил да се погрижи за него. Тие набрзо станале многу добри пријатели.

Планот на Стивен бил да го пушти на слобода патчето на кое му го дал името Черио, откако ќе порасне. Но, Черио не сакал да го напушти својот спасител. Тој секој ден по долгите авантури повторно се враќа кај Стивен. Кога Стивен излегува да работи наутро, Черио исто така излегува и го поминува денот надвор, играјќи се со неговите пријатели.

Сепак откако ќе заврши денот Черио се враќа во својот дом кој го дели со својата „сестра“ мачка, по име Рис. Тие исто така одлично се сложуваат, а патката сака да се игра и со кучето на родителите на Стивен. Прилично дружељубиво животно зарем не?

Черио станал позната личност во станбениот комплекс во кој што живее и иако ја има сета слобода да прави што сака тој не може да се раздели од Стивен и засекогаш му го променил животот.