Овој човек од обезбедувањето на продавница стана познат на интернет поради неговиот срцезатоплувачки гест

Некои кучиња уживаат да се играат на дождот. Тие сакаат да ги „фаќаат“ капките дожд или снегулките со устата. Како и да е кога ќе видите златен ретривер како „кисне“ на дождот не сте баш сигурни дали сака навистина да биде таму. Па, еден човек од обезбедувањето на Morrisons, синџир на супермаркети во Велика Британија, се запраша истото.

Дали кучињата навистина уживаат во дождот? Сепак за да биде сигурен не знаејќи дали овој конкретен златен ретривер кој го чека својот сопственик пред супермаркетот ужива во дождот или не, реши да дојде до него и да го заштити со својот чадор. И верувајте ни, интернетот полуде по неговиот сладок гест.

Итан Дерманмен работи како обезбедување на супермаркетот Morrisons во Гифнок, Шкотска и го забележал кучето откако ја правел стандардната тура околу објектот. Кучето било врзано пред да започне да врне, но бидејќи Итан немал право да го премести кучето, одлучил да му помогне како што знае и може.

Мел Грејси, 25-годишна уметница за тетоважи од Глазгов била во нејзиниот автомобил кога го видела овој момент и решила да фотографира, а фотографијата објавена на Твитер наскоро станала вирална.

Исто така, не требало долго, додека сопственикот на кучето Дејвид Чери исто така да открие дека неговото куче го има насекаде на интернет и тој јавно му се заблагодарил на Итан. Инаку слаткото кученце се вика Фреди.