Овој човек останал заглавен на карпа без храна и вода два дена, но конечно е спасен
Индиец кој два дена остана заглавен на карпа без храна и вода, конечно е спасен.

Претходно оваа недела, Р Бабу се искачи на ридот Черад во Малампужа заедно со двајца пријатели. Меѓутоа, неговото пешачење тргнало наопаку кога се лизнал и останал заробен меѓу две карпи. Неговите пријатели се обиделе да му помогнат, но немало начин да не се загрозат, па биле принудени да го напуштат за да побараат помош.

Тука влегува индиската армија, која започна „спасувачка операција за извлекување на лице заглавено во стрмна клисура“. За среќа целата мисија на крај беше успешна.

Армијата ги мобилизираше своите спасувачки тимови во текот на ноќта пред да тргне на патување во планините. „Спасувачките операции започнаа. Се прават обиди од повеќе локации да се стигне до лицето заглавено во стрмната клисура во планините Малампужа за евакуација“, се вели во едно соопштение.

На една фотографија се гледа како Бабу балансира меѓу двете карпи, а многу луѓе на интернет го споредуваат со 127 часа, филмот на Дени Бојл за Арон Ралстон, кој бил принуден да си ја отсече раката откако останал заробен со камен во несреќа при кањонерство.

Исто така Твитерџии ја пофалија храброста на војниците и нивниот вложен напор да му помогнат на младиот човек. Сепак некои прашања сѐ уште не се одговорени, на пример зошто Бабу се качувал на карпата и зошто го направил сето тоа без соодветна опрема.
