Овој човек оставил 2 милиони евра во тестамент на едно село, затоа што селаните му го спасиле животот

Факт е дека на светот постојат лоши луѓе, лоши времиња и лоши моменти, но добрината е онаа која остава вистински впечаток особено кога ќе се појави во најлошиот можен период. Еден човек знаел да го цени токму тоа.

Еврејски бегалец кој со семејството избегал од нацистите за време на Втората светска војна, му остави невидено богатство на француското село чии жители со години го криеле од прогонство. Ерик Швам, кој пристигна во Шамбон-сур-Лињон со неговите родители и баба од страна на мајка му во февруари 1943 година, оставил околу два милиони евра на селото во југоисточна Франција.

Швам, кој починал на 90-годишна возраст на 25 декември, донесе одлука да го направи селото единствен корисник на неговиот тестамент во знак на „благодарност“ за пречекот што го добил од жителите пред 78 години. „Тоа е голема сума за селото“, изјавил градоначалникот Жан-Мишел Ејро.

Тој одбил да ја прецизира сумата бидејќи тестаментот уште се средува, но заменик-градоначалничката на градот Дениз Валет, која за една локална веб-страница изјавила дека двапати се состанала со Швам и неговата сопруга за да разговараат за подарокот, вели дека станува збор за околу два милиони евра.

Швам и неговото семејство пристигнале во 1943 година и биле скриени во училиште за време на војната и останале до 1950 година. Тој подоцна студирал фармација и се оженил со католичка жена од регионот близу Лион, каде што живееле.

Во својот тестамент, Швам напишал дека сака „да им се заблагодари за пречекот што многумина ми го дале во областа на образованието“. Швам побарал парите да се користат за едукативни и младински иницијативи, особено за стипендии.

Шамбон-сур-Лињон, сместен на далечно планинско плато во југоисточна Франција, историски имал голема протестантска заедница позната по тоа што нуди засолниште на оние на кои им е потребна помош. Околу 2.500 Евреи биле примени и заштитени за време на Втората светска војна од селото, чии жители биле почестени како „праведни меѓу народите“ од израелскиот меморијален центар на холокаустот Јад Вашем.

Таткото на Швам бил лекар, додека неговата мајка Малси создала библиотека во логорот Ривесалтес во 1942 година, еден од многуте формирани да ги затвораат Евреите. Фридал Рајтер, млад швајцарски социјален работник, напишал дневник кој содржи информации за историјата на семејството. Се смета дека Рајтер му помогнал на семејството да се пресели во Шамбон-сур-Лињон по затворањето на логорот Ривесалтес во ноември 1942 година.

Швам бил сместен во детски дом управуван од Секурс Суис, под-сектор на Црвениот крст на Швајцарија, кој им помагал на децата за време на Втората светска војна. Неговата мајка исто така работела таму. Целото семејство ја преживеало војната – а неговите родители се вратиле во Австрија. Швам подоцна студирал фармација на Универзитетот во Леон во 1950 година и дипломирал во 1957 година.