Овој човек плати заостанати сметки на 114 семејства за да не останат без основните работи

Католичкиот Божиќ се наближува и е добро познат како период на добри дела. Еден бизнисмен од Флорида ова го однесе на ново ниво. Тој одлучи да ги плати заостанатите сметки за комунални услуги на повеќе од 100 семејства.

Мајкл Есмонд (74) донираше над 8.000 евра за да ги плати сметките на 114 семејства од Голф Бриз, Флорида, на кои им се закануваше прекин на вода, гас и електрична енергија за време на празничниот период. Ова му е втора година како прави вакви хумани дела, откако во 2019 ги платил сметките на 36 семејства.

Бизнисменот вели дека пандемијата која го зафати светот оваа година и ураганот Сали кој остави страшни последици минатиот месец се само причини повеќе за тој повторно да помогне колку што може на членовите на неговата заедница.

„Оваа година за мене веројатно е позначајна од минатата година бидејќи со пандемијата никој не работеше и сите останаа дома. Ураганот Сали не тресна прилично добро и повреди многу луѓе. Овде сè уште имаме многу сини покриви, каде што се само покриени со катран.“, вели Мајкл.

Есмонд додаде дека бил шокиран кога сфатил дека многу заостанати сметки биле за помали исплати помали од 100 американски долари, покажувајќи како сè повеќе семејства се борат да обезбедат пари за време на пандемијата.

2020 година беше успешна година за компанијата на Есмонд, Gulf Breeze Pools and Spas, но сопственикот вели дека гледајќи колку други луѓе се борат го натерало „скоро да се срами“ да им каже на луѓето дека добро му оди работата.