Овој човек по скоро 40 години успеа да открие како починала неговата мајка

Иан Канингам имал само 3 години кога починала неговата мајка Ирина, и во текот на целиот живот никогаш не му биле кажани околностите на нејзината смрт, сѐ до денес, откако самиот открил.

Освен што не знаел како починала, таткото на Иан ретко зборувал за својата покојна сопруга. Иан кој сега има 44 години, прв пат видел фотографија од својата мајка кога наполнил 18 години.

Иан почувствувал потреба самиот да спроведе истрага откако станал татко и неговата најстара ќерка се приближувала до возраста кога починала неговата мајка. По смртта на Ирина, Дон се оженил една година подоцна и се оддалечил од семејството и пријателите на Ирина. Имајќи го ова во предвид Иан објавил во весник дека бара информации за неговата мајка и наскоро бил контактиран од некои од најблиските пријатели, соученици од училиштата и поранешните колеги, роднини и поранешни соседи на Ирина.

И покрај тоа што луѓето стапиле во контакт со Иан и ги споделувале нивните фотографии и сеќавања на неговата мајка, Иан сепак останал со многу неодговорени прашања, па решил да ги погледне медицинските записи на неговата мајка за да ги одговори сите прашања.

Еден лекар му кажал на Иан дека неговата мајка претрпела постпартална психоза, а додека друг му кажал дека лековите кои ги пиела неговата мајка се штетни за срцето и дека тие можеби довеле до нејзината смрт.

Ирина била примена во психијатриското одделение во локалната болница по нејзината дијагностика и таму поминала девет месеци. Додека била во болница, таа преминала во состојба на кататонски ступор – кога некое лице не го движи своето тело. Откако била пуштена од болница 18 месеци поминала со својот син и сопруг, а потоа пак била пренесена во болница и по три месеци за жал починала.

Заедно со Иан, Дон исто така никогаш не бил сигурен како починал неговата покојна сопруга, што е дел од причината што тој никогаш не зборувал со својот син за тоа.

„Беше поинаков свет – лекарите не ви даваа никакви информации и не ви кажуваа на кои лекови е или зошто. Никогаш не ми беше објаснето што е кататонскиот ступор и во тие денови немаше интернет. Животот ми се состоеше од тоа да одам секоја вечер во болница и само да седам покрај некој кој беше целосно некомуникативен. Не можев да му кажам, затоа што не знаев како да ги добијам информациите, конечно има објаснување за тоа како таа починала. Мислам дека јас и Иан се зближивме и ни стана полесно да разговараме.“, вели Ден, таткото на Иан.

По истрагите за смртта на неговата мајка, Иан направил и краток документарен филм со наслов „Духот на Ирина“.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.