Овој човек поминал 20 години во затвор поради банална работа, а сега конечно е на слобода

Гај Френк требал да одлежи 23 години во затвор. Кога ќе слушнете ваква казна секој ќе си помисли, колку луѓе убил? Но, овој човек со несреќна судбина воопшто не заслужил ваква казна.

67-годишниот Гај Френк украл две маици од машкиот оддел во продавницата на „Saks Fifth Avenue“ во септември 2000 година. Во тој период Гај бил зависник од хероин и барал начин како да плати за дрогата.

Тој бил уапсен и пријавен за кражба на стока проценета на помалку од 500 американски долари, но поради законот во Луизијана се станал ранлив на построги казни. Законот за повеќекратни престапници е сличен на „законот за три прекршоци“, но очигледно не бара сторителите да бидат осудени за насилно кривично дело.

Во одлуката на државниот суд од 2002 година, цитирана од „Вашингтон пост“, се вели дека Френк бил уапсен вкупно 36 пати, почнувајќи од 1975 година, и повеќепати бил осудуван за кражба и за поседување кокаин. Френк се изјаснил за виновен за обвинението за кражба, но поради претходните осудувања бил осуден на повеќе од две децении зад решетки.

„The Innocence Project“, проект за невиност кој се залага за вакви пропусти упатил успешна жалба до парохискиот окружен правобранител.

„И покрај тоа што тој ја прифати одговорноста за неговото злосторство, адвокатите од канцеларијата на Окружниот правобранител Хари Коник побараа судијата да открие дека е повеќекратен сторител, бидејќи претходно повеќе пати бил осудуван за кражба и да ја зголемиле казната. Судијата Шерон Хантер му изрекла казна од 23 години во Одделот за поправки без можност за помилување.“, велат од организацијата.

Организацијата забележа дека злосторството на Френк во тоа време било кривично дело, но во 2010 година е изменето во прекршок.

Детално за неговото ослободување на Инстаграм, Проектот за невиност соопшти дека случајот на Френк „влегува во срцето на она што не е во ред со законот за повеќекратни престапници во Луизијана“.

Во него се додава: „Тој ја доби оваа огромна казна и покрај фактот дека никогаш не бил закана за никого и никогаш не сторил повеќе од кражба во мали количини. Неговиот случај покажува колку сиромашните се несразмерно погодени од овие екстремни пресуди.“

На страницата GoFundMe, која е поставена да му помогне на Френк да го обнови својот живот, се наведува дека 67-годишниот „ја изгубил својата мајка, двајца свои браќа, сопругата и синот“ додека бил во затвор. Сега, кога е на слобода, се надева дека ќе стане помошник ѓакон и ќе им помогне и ќе ги советува другите кои имаат душевни маки.