Овој човек последната деценија ја поминал во собирање на над 7.000 вреќи со ѓубре

Даниел Тобен прво започна да собира ѓубре во 2009 година додека студирал на државниот универзитет во Северна Каролина, кога забележал дека поток близу неговиот студентски дом е исполнет со пластични шишиња. Првин почнал сам да расчистува, а потоа му се придружиле и други луѓе. Оттогаш, Даниел активно собира ѓубре низ својата родна држава Северна Каролина, сам, така и со групите што ги организирал.

Бидејќи започнал да ги следи неговите напори пред две години, Даниел открил дека собрал повеќе од 7.000 вреќи ѓубре иако собрал многу повеќе уште пред да почне да ги брои. Неверојатно, тој ја заврши целата оваа работа заедно со своето полно работно време како менаџер на сендвичара.

Даниел го привлече вниманието на луѓето откако почна да споделува фотографии од себеси како си ја работи својата работа на неговата лична страница на Фејсбук.

Тој не собра само ѓубре; Даниел открил и нелегални места за фрлање на нафта, откри стотици литри на токсични хемикалии, вклучувајќи масло, антифриз, бои, цементни епоксиди, пестициди, индустриски хемикалии и друго. 31-годишникот дури успеа да врати неколку изгубени миленичиња на своите сопственици.

Целите на Даниел вклучуваат да стане пример за луѓе во неговата локална заедница, како и создавање на соопштение за јавни услуги со истакнати личности за да ги охрабрат сите жители на целата земја да помогнат во одржувањето на природата чиста.