Овој човек пронашол нешто чудно во неговата брокула, но наместо да се ослободи од нив решил да им помогне

За време на карантинот многу луѓе правеа секакви работи по дома за да ја „убијат“ досадата, од фарбање на косата во шарени бои, до смешни фризури. Некои дури и земаа и ново милениче. Но, ретко кој го направил истото што и овој човек.

Сем Дарластон, љубител на брокула одлучил да си ја зготви, но кога сакал да ја исчисти забележал дека има не една, туку 7 гасеници. Додека поголем дел од луѓето едноставно би ги исфрлиле надвор, Сем одлучил да се грижи за нив како да му се миленичиња и да почека да се претворат во нешто поубаво.

Откако ја открил првата гасеница, која ја нарекол Седрик, 27-годишниот Сем го отворил и другото пакување и открил уште 5 гасеници. На крајот неговиот цимер го отворил и своето пакување со брокули и таму пронашол една гасеница. Сем секако ги ажурираше своите следбеници на социјалните мрежи за најновите додатоци во семејството на инсекти.

Гасениците Брок, Оли, Седрик, Крок, Џанин и Слим Ерик веќе преминале во пеперутки, а вчера и малиот Карлос стана пеперутка, која не сакаше да си замине од раката на Сем.