Овој човек работи само 3 часа неделно во Сингапур, додека живее во луксузно во Тајланд – што знае тој што не знаеме ние?

Шао Чун Чен некогаш работел повеќе од 40 часа неделно во корпоративниот сектор во Сингапур. Денес, со само три часа работа неделно, успева да ги покрие сите трошоци за себе и својата сопруга — и тоа живеејќи удобно во Тајланд.
Чен има 39 години, израснал во Сингапур и поголемиот дел од животот го поминал таму, пред во ноември 2024 година да се пресели со сопругата во Чианг Мај, Тајланд. Сега секоја недела патува повеќе од 1.900 километри за да предава како хонорарен професор на Националниот универзитет во Сингапур.

Од својот тричасовен курс по дигитален маркетинг, месечно заработува од 2.000 до 4.000 сингапурски долари (околу 1.540–3.070 американски долари) — сосема доволно, вели, за авионски билети и сите животни трошоци во Тајланд.
„Ја играм играта како што треба. Со три часа работа во Сингапур, можам да си го покријам цел живот во Тајланд.“ – изјави Чен.

 

Овој човек работи само 3 часа неделно во Сингапур, додека живее во луксузно во Тајланд - што знае тој што не знаеме ние?

Отказот што му го смени животот

Кога во февруари 2024 година неочекувано добил отказ од Google, Чен сфатил дека, всушност, веќе е финансиски независен. По речиси деценија работа во технолошкиот гигант, внимателно штедел и инвестирал половина од својата плата. До моментот на отказот, веќе имал портфолио вредно околу 2 милиони долари.

Според правилото од 4%, проценил дека безбедно може да вади по околу 80.000 долари годишно — сума која би му била доволна за најмалку 30 години.

Наместо да бара нова корпоративна работа, решил да направи пауза и да размисли што навистина сака од животот.
„Работев без прекин 14 години. Отказот беше тежок, голем удар за моето его и идентитет, но со тек на време ми даде шанса да се преиспитам,“ вели тој.
Иако може да живее само од инвестициите, Чен одлучил да ги користи како пасивен приход — повлекува пари само кога треба да го надополни активниот.

 

Отказот што му го смени животот

Нови извори на приход, нов начин на живот

Во последната година и пол, Чен воспоставил нови извори на активен и пасивен приход. Освен што предава, заработува и од YouTube каде што објавува едукативни видеа, и од својот менторски бизнис, каде наплатува и до 500 долари по час, зависно од клиентот.

Клучната стратегија му е географска арбитража — заработува во Сингапур, каде платите и валутата се високи, а живее во Тајланд каде трошоците се значително пониски.

„Унапредете ги вашите вештини така што ќе можете да наплатите висока цена по час,“ советува Чен. „А ако живеете во држава со ниски трошоци, ќе ви бидат потребни само неколку часа работа за да ги покриете сите трошоци.“

Иако работи само три часа на факултет, вкупно со другите активности посветува од 4 до 8 часа неделно на работа.

 

Нови извори на приход, нов начин на живот

Заработува долари, троши бахти

Откако се преселил во Чианг Мај, Чен вели дека квалитетот на живот драстично му се подобрил.
„Свесен сум дека ова не е можно за секого. Локалците тука не заработуваат како ние — ние заработуваме во долари, а трошиме во бахти,“ вели тој. „Повеќе не чувствувам притисок да бидам постојано зафатен и продуктивен.“

„Сега имам време да ѝ направам појадок на сопругата. Порано, во мојот стар живот, ни тоа не можев — само брзав.“

Во Сингапур плаќал околу 2.450 долари месечно за двособен стан. Во Чианг Мај сега живее во нов, луксузен еднособен стан за само 450 долари месечно. Со годишен договор, тој износ може да се намали и на 300 долари.

„Овој стан е апсурдно добар — неколку базени, воден тобоган, целосно опремена теретана, огромен заеднички простор за работа и свое пилатес студио.“

За храна и намирници троши околу 300–500 долари месечно, за транспорт околу 200, а секој авионски билет до Сингапур го чини околу 250 долари.

„Ако сакате да живеете во Тајланд, мора да го прифатите локалниот начин на живот,“ советува тој. „Не се обидувајте да си го пренесете стариот стил тука.“

Вели дека запознал странци кои се разочарани затоа што се фокусирале само на ниската цена, а не ја прифатиле културата. „Се жалат дека кроасанот не им е ист, или дека користат палмино масло наместо путер… а потоа бараат француски кафе бар, кој секако е скап.“

Најголема заштеда, вели тој, е во користењето на локални производи — тајландска храна, тајландски лекови, тајландско пиво. „Сè што е од тука е евтино, но ако бараш увезени нешта, ќе платиш многу.“

 

Заработува долари, троши бахти

Не е сè совршено — но вреди

Иако ужива повеќе слобода, време и флексибилност, Чен признава дека животот надвор од корпоративниот свет има и предизвици. Му недостига структурата и предвидливоста што некогаш ги имал.

А честите патувања се напорни — и поради сообраќај, и поради замор. Но, вели, вреди.
„Засега ми е добро вака,“ вели тој. „Ако се појави вистинска можност, можеби ќе се вратам во Сингапур. Но, додека трае ова — уживам.“

 

Не е сè совршено — но вреди

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *