Овој човек си нацртал Порше за себе со 3Д пенкало
3Д пенкалата се феноменални, но ефикасно користење е доста незгодно. Еден јутубер ги покажа своите вештини создавајќи Порше Тајкан со помош на алатката.
Јутуберот 3D SANAGO често објавува уметнички содржини користејќи го своето 3Д пенкало, но неговиот последен потфат е едно од најсложените парчиња досега. Уметникот одлучи да користи 3Д пенкало за да создаде модел на значајниот скап и брз Порше Тајкан.

Тој во видеото вели дека ова нее реклама за автомобилот, туку дека е обожавател на автомобили и ова е неговото возило во соништата кое би сакал некогаш да го поседува.

Јутјуберот започна со цртање на обликот на автомобилот со пластично пенкало за цртање, од оваа точка натаму продолжи да користи нацрти за да создаде преглед на секоја страна. И кога ќе помислите дека ова е многу лесно уметникот ќе ве убеди ви спротивното.
