Овој човек скоро една деценија добива пици кои никогаш не ги порачал

Не можеме да лажеме, бесконечна достава на бесплатна пица до нашите домови звучи како остварување на сон, зарем не? Но, што ако ова веќе се случува некаде и работите се веќе излезени од контрола?

Жан Ван Ландегам скоро една деценија си добива пици кои никогаш не ги порачал.

65-годишниот, од Турнхут во Белгија, во еден момент добил и 14 пици одеднаш доставувани до неговиот праг во последните 9 години, секако и покрај тоа што тој не нарачал ниту една од нив. Иако звучи како смешна шега, Жан нема прифатено ниту една од нарачките, така што пицериите се оние кои се оштетени.

„Пред девет години започна. Одеднаш пред вратата имаше доставувач на пица. Но, јас не нарачав ништо. Понекогаш доаѓаат и во 2 часот наутро. Се плашам кога ќе слушнам како некој се паркира надвор.“, вели Жан. Првин човекот си помислил дека се разботи за забуна, но наскоро почнале да пристигнуваат уште пици, а неколку пати пристигнале и ќебапи и други јадења.

Жан вели дека му се случувало во ист момент пред неговата врата да се појават двајца доставувачи од различни пицерии. Минатата година вкупната сметка за пратени пици од различни добавувачи била околу 450 евра.

За жал Жан сѐ уште не знае кој му го прави ова, но се сомнева дека е некој од неговите пријатели бидејќи слични работи му се случувале и на негов пријател, но во помали размери.