Овој човек штедел цели 10 години за да може да купи амбулантно возило за бездомните животни

Балу еден ден почувствувал дека сака да им помогне на бездомните животни, но не знаел како да го направи тоа. Затоа одлучил да почне да штеди за еден ден парите да гти вложи во нешто хумано. По цели 10 години овој човек од Индија купил амбулантно возило со кое ги превезува болните и повредени бездомни животни во ветеринарите за третман.

„Најпрво се плашев од кучиња“, вели8 Балу. „Сега ова е мојот живот, не можам да го оставам. Јас ќе продолжам да го правам ова засекогаш “, додава тој. Покрај возењето на амбулантното возило, Балу се грижи за болни кучиња и мачки во неговиот дом, лекувајќи им ги раните и давајќи им соодветни лекови.

За финансирање на неговата цел, Балу им наплаќа на сопствениците на миленичиња околу 15 центи да ги однесе нивните миленици на ветеринар, за да има финансиски можности за бездомните да го прави ова бесплатно.

„Јас чувам 5-6 кучиња скитници дома – некои со скршени нозе и шепи – ако нема место занив засолништата.“, вели тој. Сепак, и покрај неговата добрина, Балу вели дека не секој ја цени работата што ја прави за бездомните кучиња, кои честопати се гледаат како непријатели. „Многгу луѓе ја обожаваат работата која ја правам, но на некои луѓе не им се допаѓа што им помагам на бездомните кучиња.“