Овој човек вели дека ја пронашол стрелата на Робин Худ, додека ловел риби во познатата шума

Уметникот за тетовирање верува дека ја пронашол легендарната Сребрена стрела на Робин Худ додека ловел риба со магнет во шумата Шервуд. Куш Вреј (32) бил пресреќен откако извадил стрела од поток во близина на Биг Оук, местото за каде се верува дека се движел и живеел праведниот криминалец.

Историчарите му рекле дека откритието навистина може датира од 12-ти или 13-ти век и да биде сребро по внимателно чистење и полирање. Значи, ова може да биде стрелата што Шерифот од Нотингем му ја вети на победникот на натпреварот во стрелаштво што го организираше со цел да го фати принцот на крадците.

„Отсекогаш верував во Робин Худ, – рече татко на 4 деца. – Како да ми беше судено да го најдам. За мене е вистинско лудило да помислам дека можам да станам дел од легендата “.