Овој човек заврши во затвор затоа што сакаше да си купи Порше на многу „едноставен“ начин

Додека готовина има секакви криптички обрасци и кодови за да ги спречи луѓето едноставно да печатат свои пари 42-годишниот Кејси Вилијам Кели очигледно мислел дека тој ќе го сруши системот кога на својот компјутер создал голем број лажни чекови.

Минатиот вторник, 28 јули, човекот во округот Волтон влегол во салон за продажба на автомобили во Дестин и предал една од неговите фалсификувани креации во замена за Porsche 911 Turbo, кој чини 139.203 американски долари. Вработениот во салонот го прифатил чекот, а Кејси си заминал со новиот автомобил без да потроши ниту денар.

По очигледниот успех на првото злосторство, следниот ден Кели се се обидел да купи три Ролекс часовници со уште еден негов лажен чек со износ од 61.521 долари. Овој пат вработениот немал толку доверба во него и не сакал да му ги даде часовниците додека парите не бидат префрлени.

Во меѓувреме од салонот за автомобили дознале дека чекот на Кели е лажен. Тие пријавиле дека автомобилот е украден и додека од златарата да сфатат дека чекот е лажен Кели веќе бил во притвор. Тој е обвинет за кражба и фалсификување на парични средства.

42-годишникот им кажал на истражителите дека ги испечатил чековите на домашен компјутер, иако не е јасно како тој очекувал да се извлече од злосторството кога ниту еден од чековите не би можел да помине како валиден. Кели се правдал дека не знаел како принтањето на свои чекови е нелегално, тврдејќи дека ги вклучувал точните банкарски детали при креирањето на истите.